КЛИМАТСКИ ПРЕДИЗВИК

ТВОЈОТ ГРАД ОД ТЕБЕ ЗАВИСИ

Процес

Други јазици:

ALB || SRB || ROM || TUR 

ЗА КОНКУРСОТ:

Овој конкурс ги поканува сите граѓани да достават предлози за иновативни проекти насочени кон борбата против климатските промени и јакнење на урбаната отпорност преку:

  • - Намалување на загадувањето;
  • - Намалување на емисиите од транспортот;
  • - Заштита на зелените површини; или
  • - Намалување на цврстиот отпад.

 

Предизвикот има урбан фокус, бидејќи градовите се главни причинители на климатските промени, а истовремено се соочуваат со драматични ризици од нивните последици, вклучувајќи поплави и екстремни временски појави.Моментално, повеќе од 60 отсто од населението во Македонија живее во урбаните центри, со околу 30 отсто само во Скопје. Главниот град е дом на поголемиот дел економска активност на земјата и генерира најголем дел од емисиите поврзани со потрошувачка на енергија.

Постојаната урбанизација врши голем притисок врз природните ресурси, загрозувајќи ја чистата вода со отпадни води, чистиот воздух со загадување и зелените површини со урбана експанзија.

ЦЕЛИ НА КОНКУРСОТ

Главната цел на конкурсот е да ги охрабри поединците да предложат иновативни идеи за намалување на климатските промени и зголемување на урбаната отпорност.

Се очекува дека предложените идеи и решенија ќе имаат видливи резултати.

НАГРАДА

Најиновативната идеја ќе биде наградена со грант од $ 10,000 американски долари, од кои $1,000 ќе бидат доделени како парична награда, додека $ 9,000 американски долари ќе бидат доделени на победникот во форма на придонеси за да се поддржи развојот на идејата во прототип на решение. Ова вклучува технолошка поддршка, менторство и помош во изнаоѓање на партнери кои би можеле да бидат заинтересирани за усвојување на решението или за финансирање на неговиот понатамошен развој.

Правота на интелектуалната сопственост ќе му припадне на иноваторот, но организаторите го задржуваат правото да ги надградат решенијата за целиве на нивните проекти, во согласност со иноваторот.

КРИТЕРИУМИ ЗА УЧЕСТВО

Право на учество имаат сите граѓани на Република Македонија.

ПРОЦЕС НА СЕЛЕКЦИЈА

Процесот на селекција ќе се одвива во три фази, и победникот ќе биде избран од страна на жири кое што ќе се состои од претставници од УНДП, УСАИД, Шведската амбасада, релевантни државни институции, меѓународни експерти и претставници од приватниот сектор. 

КАКО ДА УЧЕСТВУВАТЕ?

Пополнете го онлајн формуларот кој што се наоѓа на веб страната http://odtebezavisi.mk и одговорете на сите прашања. Предлозите можат да бидат доставени на македонски илианглиски јазик.

КРАЈНИОТ РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ Е 1 ЈУНИ 2016. 

1. Повик за идеи

6 Април 2016 година - 1 Јуни, 2016 година

Сите македонски граѓани кои имаат иновативна идеја се поканети да аплицираат на повикот за идеи. Идеите треба да бидат доставени преку форма за аплицирање http://odtebezavisi.mk онлајн. Примери на иновациски проекти од сличен обем и вредност од целиот свет редовно ќе се споделуваат на веб-сајтот за да се стимулираат идеи и да ги мотивираат заинтересираните граѓани да размислуваат поинаку.

2. Евалуација на идеите од страна на изборната комисија

Јуни 2016 година

Од предлозите, судиите (избрани претходно) ќе ги изберат оние идеи кои што тие мислат дека имаат најголем потенцијал да создадат социјални промени и ќе имаат корист од доаѓањето на прототип настанот. (Нема фиксен број, но помеѓу 6 до 9 идеи ќе бидат селектирани за настанот.)

3. Прототип настан!

средина на јуни 2016

Прототип настан е отворен простор за состаноци. Манифестацијата ќе трае 2 до 3 дена, во зависност од дневниот ред кога е организирана, но мора да се овозможат најмалку 48 часа за тимовите да работат на развивање на нивните идеи. Целта на настанот е да се трансформираат концептите и идеите во рана фаза во прототипови во 48 часа. Настанот ќе биде структуриран врз основа на избраните идеи. Тимовите ќе бидат организирани однапред. Секој поединец или тим, чија идеја е избрана за развој за време на настанот ќе добие ментор и техничка помош од страна на развивачите и дизајнерите (или други лица каде што е потребно).

3а. Прототип презентирање

По крајот на 48-те часа, тимови се очекува да излезат со основен работен модел за нов проект. Настанот ќе се затвори откако ќе се презентираат сите идеи и ќе бидат доделени награди за победничките идеи кои покажуваат најголем потенцијал да создадат вистинска промена. Две идеи ќе бидат наградени со 10.000 $ грантови. Наградата ќе им биде доделена на победниците преку непарични влогови за развој на нивните прототипи.

4. Почеток со работа и следни активности

Јули-Декември 2016

Прототипот настан е за создавање на односите потребни за да се започне нов проект, а се надеваме дека со предложените идеи нема да заврши настанот. Победничките тимови ќе продолжат да се добиваат поддршка од организаторите на предизвикот и менторите додека проектот не е финализиран и пуштен во употреба. Тој период обично трае не повеќе од 3 месеци.