Критериуми
Други јазици:
ALB || SRB || ROM || TUR
Критериуми за избор
Комисијата за избор ќе ги примени следните пет
критериумипри споредување и оценување на идеите доставени за
предизвикот.
Критериум 1: ВЛИЈАНИЕТО НА ИДЕЈАТА ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА
ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ
и зголемување на отпорноста на градовите пред климатските
промени
Овој критериум го оценува придонесот на предлогот за
постигнување на еколошките, економските и социјалните цели
преку процесите на ублажување, адаптација и постигнување отпорност
пред климатските промени во урбаните средини.
Секоја идеја ќе се оценува од сите аспекти, особено од
финансиски, организациски, институционален, технички и
технолошки аспект, а при оценување на предложениот производ
или услуга ќе биде земен предвид и културниот аспект.
Иновативни ќе се сметаат и проектите кои промовираат
трансформација или промена на практиките, секојдневното
однесување, професиите, пристапите и инструментите, кои
отвораат нови патишта за оддржливо развивање на урбаните
средини.
Критериум 2: КВАНТИТАТИВНИ И КВАЛИТАТИВНИ ВЛИЈАНИЈА
Квантитативното влијание се однесува на бројот на луѓе врз
кои ќе влијае идејата, висината на паричниот приход кој таа ќе
го создаде, социјалниот и еколошки капитал кој ќе го создаде,
и / или други придружни придобивки.
Квалитативното влијание на проектот се однесува на обемот во
кој поттикнува општествена инклузивност и достапност,
придонесува за намалување на сиромаштијата, и / или
придонесува за намалување на нееднаквоста помеѓу половите. Во
поднесокот за проектот, овие аспекти треба добро да се опишат.
Критериум 3: СПРОВЕДЛИВОСТ И ОДРЖЛИВОСТ
Овој критериум се однесува на состојбата на проектот,
процесот за негово спроведување, финансискиот биланс,
институционалната и законската организација, како и
одржливоста на општествените, човечките и еколошките
придобивки од проектот.
Критериум 4: РЕПЛИЦИРАЊЕ
Ова се однесува на потенцијалот на проектот за негово
повторување, спроведување и на други места и како и
спроведување на проектот во поголеми размери. Поради тоа е
потребно поднесоците да го опишуваат и начинот на кој ова се
предвидува како и постигнатите или очекуваните партнерства.
Критериум 5: КОРИСНОСТ
Кандидатите мора да можат да покажат на кој начин нивниот
проект дава практични и конкретни решенија за еден или повеќе
јасно идентификувани влијанија од климатските промени.
Еколошка ефективност
Eкономската ефективност
Изводливост
(мерење на леснотијата на имплементација)
Мерливост
(мерливост и проверливост на намалувањата на емисиите од
мерката)
Ко-бенефиции (здравствени придобивки,
диверзификација на приходите, нови работни места, квалитетот
на животот, потенцијалот за економски раст)